X
 20.11.2021 Наука

Загрижувачки податоци - мозокот на човекот се намалува

Просечниот мозок на возрасен човек тежи помеѓу 1.300 и 1.400 грама и е долг околу 15 сантиметри. Но, порано не беше така.

Во студија објавена во списанието „Брејн, бехејвиор енд еволушн“ се истакнува дека големината на човечкиот мозок се намалила во последните 50.000 години. И тоа значително.

Како што истакнува научникот Џ. M. Стибел од Природонаучниот музеј во Лос Анџелес, големината на човечкиот мозок е намалена за повеќе од 5 отсто кај современите луѓе, во споредба со нашите предци.

Се чини дека промените во големината на телото ги објаснуваат неодамнешните промени во големината на мозокот. Со исклучок на современите примероци, нивоата на енцефализација останаа прилично стабилни во последните 50.000 години. Иако модерниот примерок на мозок покажа релативно ниско ниво на енцефализација, индексот на телесна маса се чини дека е одговорен за промената на големината, објаснува Стибел, додавајќи дека резултатите од неговото истражување посочуваат дека неодамнешното намалување на големината на мозокот е одговор на промените во физиологијата, особено во однос на телесната тежина и големината на главата.

Тој додава дека постојат силни докази за врската меѓу големината на мозокот и когнитивните функции кај луѓето.

Недостигот на структурни промени кои го направија мозокот ефикасен и значителното намалување на големината на мозокот може да доведат до намалување на когнитивните функции, предупредува авторот.

Стибел истакнува дека проблемот е што податоците од други студии покажуваат дека покрај еволутивното намалување на големината на мозокот, намалени се и когнитивните способности. Имено, многу истражувања покажале дека во текот на 20 век, во индустријализираните земји, просечниот коефициент на интелигенција на населението се зголемил. Тоа се објаснувало со подобрите услови за живот, образованието, развојот на технологијата и условите за животната средина. Но, податоците од последните 30 години не се многу охрабрувачки. Во најразвиените земји во светот има пад на коефициентот на интелигенција, за што научниците не можат да најдат целосно објаснување.

Не е јасно дали физичките промени во мозокот или генските предиспозиции можат да доведат до негативно влијание врз когнитивните способности на една личност, вели Стибел, додавајќи дека движењето на коефициентот на интелигенција треба дополнително да се проверува во иднина.

Извор: Krager.com | Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука