Оваа оптичка илузија ќе ви ја покаже клучната разлика меѓу детскиот и мозокот на возрасниот човек, освен доколку длабоко во себе сè уште не сте дете.
Иако возрасните имаат одредена предност за некои нешта, постојат одредени предности кои се резервирани само за децата - богатата имагинација и недостигот на цинизам.
Постои и една оптичка илузија на која децата се имуни, а целосно ги збунува возрасните. Се работи за Ебинхаусовата илузија. Кој круг е поголем?
Впрочем, круговите имаат исти димензии, но едниот е обилокен со поголеми, а другиот со помали кругови и поради тоа ни се чини дека едниот е поголем од другиот.
Возрасните „паѓаат“ на оваа илузија бидејќи нивниот мозок го зема предвид визуелниот контекст - облиците кои ги опкружуваат другите облици. Кај децата е потребно време да се развие оваа способност и затоа тие се имуни на оваа илузија бидејќи ги гледаат облиците и величините какви што се.