Подготвени сте да се воодушевите од следнава оптичка илузија?
Финалистот од натпреварот за најдобра илузија 2016 година, собра повеќе од милион прегледи на „YouTube“ во изминативе неколку дена и остави исто толку луѓе збунети.
Видеото прикажува серија на цилиндрични туби кои се преместуваат пред огледало. Како што тие се движат, на огледалот тие не се цилиндрични туку квадратни.
Што всушност се случува? Како огледалото прикажува сосема поинаква слика од она што го гледаме?
Пред да го откриеме одговорот треба да знаете дека во видеото не е вклучен никаков компјутерски трик затоа што на тој начин не би била илузија. Видеото подолу покажува како се прави трикот и како врвот на секој од цилиндрите се обликува на таков начин што дава илузија на различни форми од различни агли.