X
 20.10.2023 Наука

Научници го објаснија начинот на кој функционираат оптичките илузии

Новo научнo истражување го зголемува разбирањето на сложеноста на нашиот систем за визуелна обработка и интригантниот свет на оптичките илузии.

Новата студија ги истражува причините за одредени грешки во перцепцијата на боите, сенките и формите. Научниците открија дека одредени видови оптички илузии може да се објаснат со ограничувања во нашите визуелни неврони, наместо со обработка на повисоко ниво (залажување на мозокот).

- Нашите очи испраќаат пораки до мозокот предизвикувајќи ги невроните да се активираат побрзо или побавно. Сепак, постои ограничување во тоа колку брзо тие можат да се активираат, а претходните истражувања не испитуваа како таа граница може да влијае врз начините на кои ја гледаме бојата - објаснува Џолион Трошјанко, еден од истражувачите што работеле на студијата.

Научниците развија модел кој покажува како конечниот опсег на нашите визуелни неврони може да влијае врз нашата перцепција на оптичките обрасци на различни нивоа. Новата студија посочува дека ограничувањата на обработката и ограничувањата на метаболичката енергија ги принудуваат невроните да ги компресираат визуелните податоци добиени од очите. Иако оваа компресија е помалку забележлива во природниот пејзаж, има значително влијание врз тоа како ги перципираме поедноставните обрасци.

Научниците го споредуваат овој феномен со компресија на дигитална слика, објаснувајќи дека артефактите за компресија се помалку видливи на фотографиите од реалниот свет поради мешаните и разновидните пиксели. Меѓутоа, во дигиталните илустрации со фиксни линии и рабови, овие артефакти се истакнуваат.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука