Под мотото „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“, од 9 до 12 април, по деветти пат ќе се одржи
Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалната
независна театарска продукција, која негува алтернативен и експериментален театар, во
организација на независниот ТЕАТАР 007 и Конгресен центар „Александар Македнонски“-Скопје
(Универзална сала-Скопје).
Годинешната програма изобилува со претстави од најразлични жанрови, тематски
провокативни и истите ќе промовираат нови и свежи театарски естетики пред македонската
публика.
Во официјалната натпреварувачка програма се седум претстави од Русија, Србија,
Италија, Романија, Грција и две претстави од македонската независна продукција, кои ќе се
борат за една од трите фестивалски награди и тоа: ГРАНД ПРИ, Награда за најдобра режија и
Награда за најдобро актерско остварување.
Како и во претходните години, така и оваа, на „МАЛАТА СЦЕНА“ во Универзална сала-
Скопје, секој ден од 9 до 12 април, ќе се одржуваат работилници, предводени од гостинските
театри на кои низ пракса ќе се разменуваат искуства. Работилниците ќе бидат отворени и за
пошироката публика, со претходна најава кај организацијата на фестивалот.