X
 06.04.2016 Култура

Богата програма на овогодинешното издание на ИТФ "Лица без маски"



Под мотото „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“, од 9 до 12 април, по деветти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалната независна театарска продукција, која негува алтернативен и експериментален театар, во организација на независниот ТЕАТАР 007 и Конгресен центар „Александар Македнонски“-Скопје (Универзална сала-Скопје).

Свеченото отврање ќе се случи на 09 април, 2016 со претставата „СОБУЈ ГИ ЧЕВЛИТЕ“, на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.

-И оваа година се обидовме да создадеме програма која ќе кореспондира со мотото на фестивалот „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“. Претставите кои се во натпреварувачката програма, третираат навидум провокативни теми и содржини, притоа истакнувајќи на површина многу суштински прашања кои се важни за денешното живеење во „заболените“ општества на глобално ниво, истакна Миодраг Костиќ, Директор на фестивалот „Лица без маски“.



Во официјалната натпреварувачка програма се седум претстави меѓу кои и „Галаксија“, на театарот „Креирај.Играј.Создавај“ од Романија која ќе биде изведена на 10 април, во 22 часот. Следниот ден на 11 април, на сцената на МОБ, со почеток од 20 часот е претставата, „19 мај“, на театарот „Онеироу“ од Грција, а во 22 часот истиот ден на истата сцена е и македонската „Госпоѓица Јулија“ на независниот театар „Фабрика“. Последната фестивалска вечер ќе се случи на сцената на Театар Комедија и тоа со руската претстава „Рефлексии“, на „32. Физички театар“ со почеток од 20 част, и како последна од 22 часот еконтроверзната „Ромео и Јулио“, на италијанскиот театар „Болоњикоста“ од Рим.



-Сите претстави од програмата нудат свежина и инвентивност не само како естетиката, туку и на содржинско ниво актуелизираат важни прашања, за денешницата, потенцираше Игор Ивковиќ, селектор на фестивалот.

Како и во претходните години, така и оваа, на во Конгресен центар „Александар Македонски“ (Универзална сала-Скопје), секој ден од 9 до 12 април, со почеток од 11 часот, ќе се одржуваат работилници, предводени од гостинските театри на кои низ пракса ќе се разменуваат искуства. Работилниците ќе бидат отворени и за пошироката публика, со претходна најава кај организацијата на фестивалот.



Идејното решение на визуелниот идентитет на фествиалот „Лица без маски“ е дизајнерката Наташа Шопова.

За наградите: Гранд при, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување, ќе одлучува тричлено жири во состав: Синиша Ефтимов, режисер, Магдалена Ризова Черних, актерка и Ирена Илиевска, актерка.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура