X
 08.04.2016 Култура

Зошто математиката во Холивуд нема смисла?

Од „A beautiful mind“ до „The theory of everything“, може да забележиме дека Холивуд ги сака математичарите. Но, зошто не може да се посвети повеќе од чкртањето равенки на прозорци?


Можеби сте забележале дека во последно време, Холивуд произведува сè повеќе филмови за познати и помалку познати математички генијалци. Но, се чини дека постои проблем со математиката во овие филмови. „Гардијан“ набројува повеќе примери за филмови за генијалци во кои, иако целта на филмот е портретирање на самите луѓе, честопати се заборава да се прикаже реалниот процес на размислување и работа.

За почеток, се набројуваат повеќе примери за сцената која веќе станала клише: генијалец пишува на стакло. Во „A beautiful mind“, Расел Кроу пишува формули на прозорецот на неговата студентска соба, во „The social network“, Ендрју Гарфилд пишува равенки на прозорец на „Харвард“, додека во „Good will hunting“, Мет Дејмон пишува равенки на прозорец во тоалет.


Зошто толку математичари во филмовите не ја користат хартијата? Според математичарот Кит Девлин, претставувањето математичар како пишува на хартија е поточно, но не ја покажува сликата на личност која со страст е внесена во математиката како што тоа го прави сцената на некој кој пишува формула на огледало или прозорец.

Празно место онаму кадешто треба да има математика

„Гардијан“ пишува и за проблемот со Холивуд во врска со самите дејствија во филмовите. Имено, во многу филмови за генијалци, поголемиот дел од филмовите се фокусираат зна други нешта наместо на математиката. Така, во „The man who knew infinity“, дејствието се одвива околу љубовта меѓу главниот лик и неговата сопруга, како и расизмот, наместо на постигнувањата на математичарот.

„Филмовите честопати имаат проблеми со претставувањето на тешките идеи, особено ако се апстрактни“, пишува „Гардијан“.

Еден начин за надминување на проблемот е метафорично објаснување. Во „The theory of everything“, Џејн Хокинг користи грашок и компир за да ја објасни разликата меѓу квантната теорија и генералната релативност, додека пријателите на нејзиниот сопруг ја објаснуваат радијацијата со пијалоци и храна.


Меѓутоа, вистинскиот проблем се јавува кога овие метафорични објаснувања повеќе сокриваат отколку откриваат за гледачите.

„Ништо не треба да значи дека не може да научиме математика од филмовите“, сепак заклучуваат „Гардијан“. Како пример се наведува филмот „Mean girls“ во кој Линдзи Лохан игра тинејџерка која учествува на натпревар по математика и успешно решава вистински проблем.

Генералната вистина е, според „Гардијан“, дека кога Холивуд се занимава со математиката, тоа не секогаш има смисла.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура