61% од работоспособните граѓани на Македонија сакаат да
работат во приватна компанија наместо во државна, при што најголемиот дел од
нив сонуваат да се вработат во Алкалоид, Телеком или во Пивара Скопје.
Најчестата причина поради која сакаат да работат во некоја од овие фирми е
добрата плата. Ова го покажа анкетата што изминатите неколку денови ја
спроведе www.fakulteti.mk со цел да дознаеме во која компанија во земјава
најмногу сакаат да работат Македонците. Во анкетата учествуваа 966
испитаници, на возраст од 19 до 57 години.
И покрај општото мислење дека Македонците најмногу сакаат да работат во
државна администрација, нашата анкета даде поинакви резултати. Од сите
учесници во анкетата, 61 отсто или 589 испитаници се изјаснија дека сакаат
да работат во приватна компанија, додека 39 отсто или 377 испитаници
сакаат да бидат административци.
Кога станува збор за најатрактивна компанија за вработување, најмногу од
испитаниците се одлучија за фармацевтската компанија
Алкалоид. Во оваа
компанија сакаат да работат
15,6 отсто од анкетираните. На второ
место според посакуваноста е
Телеком, каде сакаат да се вработат
12,3 отсто. Трета на листата е
Пивара Скопје за која сонуваат
8,4
отсто.
Од државните компании најдобро котира
МЕПСО , каде сакаат да работат
6,2
отсто. На петто место се најде
Порше Македонија, за која се одлучија
4.7% од
анкетираните.
Најчестата причина поради која граѓаните сакаат да работат во некоја од овие
компании е добрата плата. „Имаат високи плати“, „солидни плати“, „фирмата
остварува добар профит“, „сигурни примања“, „добри месечни примања“, се
најчестите одговори што ги дадоа анкетираните на прашањето „Зошто сакате да
работите токму во наведената компанија“?. Малкумина одговориле дека сакаат
да работат во конкретната компанија бидејќи таму имаат можност
професионално да се усовршуваат, да се надградуват и да напредуваат.