X
 22.04.2016 Култура

Најпознатите живописни аеродроми

Можеби немаат аеродроми во „Game of thrones“, но ако имаа, не би имало подобро слетување во „King's Landing“ од аеродромот во Малта.

 

1


Спектакуларниот ѕиден град Валета, кој се издигнува од тиркизното Средоземно Море, додека патниците добиваат прекрасна птичја перспектива на островите Гозо и Комино, познати по својата Сина лагуна.

Не е ни чудо што Малта се најде на врвот на листата на светски најпознати живописни аеродроми, спроведена од „PrivateFly“, платформа за резервација на приватни летови со аеродром.

„Летањето во Малта нуди навистина посебно искуство“, вели Адам Тајдвел, извршен директор на „PrivateFly“ и искусен пилот.

Кога летате, овие живописни слетувања ви нудат прекрасен поглед, од планински предели до блескави облакодери, па добро би било да седите покрај прозорецот.

Аеродромот во Франција, Ница и аеродромот во Нов Зеланд, Квинстаун се најдоа на второто и третото место според анкетата од 2016 година, а и во 2014 и 2015 година високо котираа на листата.

Малпта го доживеа своето деби на врвот на листата, додека како нови се најдоа меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на 9-то и аеродромот во Ирска, Донегал на 7-мо место.

Анкетата била направена во февруари и март оваа година и доби повеќе од 7.500 индивидуални гласови. Вкупно 115 глобални аеродроми беа номинирани.

„PrivateFly“ анкетата стана годишен преглед за оние кои редовно патуваат, а гласањето оваа година беше најконкурентно. Најдобрите 10 за 2016 година вклучуваат прекрасни погледи на Лос Анџелес и Лондон, прекрасни планински предели на Квинстаун, островите Саба и Карибите, и уникатното слетување на плажата во Бара во Шкотска.

Претходните победници во анкетата беа аеродромот во Квинстаун (2015), аеродромот во Ница, Франција (2014), Св.Мартеен на Карибите (2013) и Бара (2012).

 

Линк до галеријата.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура