Нова оптичка илузија: Каква боја се срцињата?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Љубители на оптичките илузии - имаме уште една илузија за вас. Оваа фотографија го преплави интернетот и остави збунети илјадници корисници.

Прашањето е едноставно - каква е бојата на срцињата на фотографијата? Двете срциња на фотографијата кои се пресечени со светло обоени линии се чинат како да имаат различни бои - една виолетова и друга портокалева кон црвена. Сепак, двете срциња имаат иста боја, и во реалноста се розеви.

Нараторот на видеото од „Bite Size Psych“ објаснува: „Ако зумирате на сликата ќе откриете дека шарените линии не се иста боја. Овие сини линии прават срцето да изгледа виолетово додека овие зелени линии прават срцето да изгледа портокалево“.