X
 22.08.2018 Забава

Дали знаете зошто се вели: „Кажи Драгичка“?

Колку пати досега сте слушнале: „Кажи Драгичка?“ Секако, првата асоцијација е дека ќе слушнете некоја добра вест или дека некој ќе ве израдува, но дали знаете зошто така се вели?

Постојат многу различни реченици и изрази што сме ги прифатиле онака како што сме ги слушнале и сме го сфатиле нивното значење, но можеби не сме запомниле како настанале.

Кога некому сакаме да му соопштиме некоја убава вест, често го користиме изразот „кажи Драгичка“. Овој израз настанал по госпоѓата Драгиќ, која живеела во Белград и имала доста интересно хоби.

Имено, госпоѓата Драгиќ секогаш ги знаела најсвежите вести од (приватниот) живот на познатите белграѓани, а својата „слава“ ја стекнала токму поради прераскажувањето на пикантериите што долго се помнеле и се пренесувале надалеку.

Токму затоа стана популарно кога некој сака да каже некоја вест или шпекулација, да каже „кажи Драгичка“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава