Во Македонија во четврток не очекува посвежо утро со осетен пад на утринските температури кои ќе се движат во интервалот од -1 до 7 степени. Во текот на денот ќе биде сончево и малку потопло. Повторно очекуваме северно воздушно струење кој ќе донесе северозападен и североисточен ветер кој ќе биде со многу послаб интензитет од денешниот. Максималните дневни температури ќе се движат од од 14 до 24 степени. Ув индексот ќе има вредност 7 а воздушниот притисок ќе биде во пораст.
Во Скопје во четврток по свежото утро, во текот на денот е биде сончево и малку потопло од вчера. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 4 степени, а максималната дневна до 21 степен.
Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на температурите, утринските од 2 до 9, а дневните од 17 до 27 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, во вечерните часови во северозападните, северните и источните предели со локални врнежи од дожд. Максималната температура од 16 до 26 степени. Нестабилно со локални врнежи ќе биде и во недела кога температурата ќе биде во опаѓање и ќе се движи во интервал од 13 до 23 степение. Во понеделник стабилизација, умерено облачно со сончеви периоди и температури од 11 до 21 степени.
Weather4all.com.mk