X
 22.02.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Не` очекуваат натпросечо топли денови

Во Македонија во понеделник не` очекува пролетен ден. Ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност во доцните попладневни часови. Ќе дува доумерен слаб јужен и југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст, па утринските ќе се движат од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени, невообичено високи за овој период од годината.

Во Скопје во понеделник претежно сончево и топло. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 19 степени.

Во наредниот период не очекуваат натпросечно топли денови во кои исто така ќе доминира и нестабилноста.

Во вторник претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 15 до 23 степени. Врнежите ќе продолжат и во среда во претпладневните часови, а попладне постепено ќе престануваат. Дневните темепратури од 10 до 18 степени. Во четврток преодна стабилизација на времето и пораст на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен. Во петок умерено облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Температурите од 9 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот