Познатата американска приватна метеоролошка веб страница „AccuWeather“ ја објави сезонската прогноза аза Европа за летото кое ни претстои.
Пред нас е долго топло време. Според проценките на „AccuWeather“ во текот на летото ќе се соочиме и со топлотни бранови, особено во јули и август.
Долго и топло лето ја очекува и јужна Европа, вклучувајќи го и Балканскиот полуостров - и за тука „AccuWeather“ најавува опасни топлотни бранови и додава дека температурите ќе бидат над 32 степени, а за време на топлотните бранови можни се рекордно високи температури.
Најмногу ќе бидат погодени Македонија, Бугарија, Унгарија и Романија, каде ќе има најмногу топлотни бранови.
И додека нашиот дел од
Европа ќе „се печи“, се очекуваат бури во Франција, Германија и Полска. Некои од овие бури ќе бидат многу силни, со град и силни ветрови. Зачестеноста на дожд и бури некаде ќе го зголеми ризикот од поплави.