X
 22.04.2016 Култура

Како сестрите Бронте создале свет во стил на "Game of thrones"?

Долго време пред Џорџ Р.Р Мартин да го создаде Вестерос, и Џ.Р.Р. Толкин да ја создаде Средната Земја; сестрите Бронте создавале нови светови.

 

svet


Заедно со нивниот брат Бранвел, тие ја поминале својата младост занесени во нивниот универзум од фантазија, заедно сонувајќи за двојните царства Ангрија и Гондал, познати како градот Глас Федерација.

Бранвел и Шарлот го создале кралството Ангрија, додека Емили и  Ен го измислиле Гондал - заедно пишувајќи стотици песни и проза врз основа на нивните креации.

Нивната прва креација бил градот Глас чии жители биле мешавина од измислени и реални ликови. Така на пример, Војводата од Велингтон кој се појавува во серијата магазини „The Young Men's Magazine“ на Шарлот и Бранвел, заедно со другите ликови, биле инспирирани од 12-те дрвени војници кои Бранвел ги добил како подарок од неговиот татко.

Настаните од вистинскиот живот биле чести во светот од фантазијата на семејството Бронте; така, во дневникот на Емили Бронте од 26 јуни 1837 година таа пишува за конвојот кој се подготвувал да замине од Гондал во Галдине за крунисување додавајќи: „Кралицата Викторија овој месец го наследи тронот“.

Емили и Ен, се бунеле против нивниот постар брат и сестра; веројатно биле уморни од тоа што постојано добивале инфериорни улоги во создавањето на градот Глас, па затоа двете девојки создале нов имагинарен свет наречен ГОндал. Шарлот и Бранвел пак, биле сконцентрирани на Ангрија.

Нивните дела покажуваат почеток на нивната „романса“ кон нивните подоцнежни дела; овие царства засекогаш биле вплеткани во бес, страсти и војна. Голем дел од нивните приказни се изгубени, а преживеаните документи можат да се пронајдат во британската библиотека. Тие нудат увид во таинствениот свет на овие книжевни великани кои ги користеле за да го усовршат нивниот занает.

Но, градот Глас дава увид дури и подалеку. Тој се смета за модерна фантастична фикција; заробен во толку многу чувства, во светот на митологиите. Гондал и Ангрија имале и сопствени мапи, а жителите имале и свои приказни.

Бронте не го пишувале ова за задоволство на публиката, ниту за признанија ниту пак за популарност. Го пишувале бидејќи им нудело бегство. Нивната мајка починала млада, а нивниот татко зафатен со неговите должности како свештеник немал многу време да поминува со нив; преку измислениот град Глас овие деца живееле во своите соништа и фантазии.

Најстарата од нив, Шарлот, подоцна била испратена далеку да работи како учителка во Ро Хед; сепак таа и таму се изгубила во Ангрија, а нејзините пишувања флуктуирале помеѓу сонот и баналните прекини од нејзините ученици.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура