Филмот „Титаник“, проект на познатиот режисер Џејмс Камерон, бил озлогласен како најскапиот филм во историјата на киното, со буџет од 200 милиони долари, а потоа стана и првиот филм што заработи 1 милијарда долари и покрај едномесечната антикампања. Во антикампањата се тврдело дека овој филм бил осуден на пропаст.
Сите ја знаеме љубовната приказна од овој филм и сите стоиме на ставот дека би било поубаво кога крајот би бил поинаков. И бил поинаков, но во текот на монтажата бил исфрлен.
Како што обично се случува, на крајот се снимаат неколку алтернативни завршни сцени, и во зависност од реакцијата на публиката на пробните проекции се избира најдобрата. Овој пат Камерон се откажал од крајот што ќе го погледнете во продолжение бидејќи проценил дека дијалогот не е најдобар и дека не се вклопува во филмот.
Погледнете сами и проценете дали бил во право.