X
 22.03.2016 Култура

На кој начин Путин го популаризирал најпопуларниот пијалок во Русија?

Владимир Путин во 2014 година одржал долга прес-конференција на која еден новинар го запрашал Путин зошто традиционалниот пијалок квас не е толку застапен во продавниците како „Кока кола“ или „Пепси“. Квас е традиционален руски пијалок направен од ферментиран леб. Путин се пошегувал со новинарот Владимир Маматов и му рекол:

„Гледам дека малку квас сте се напиле утрово“.

Иако сите мислеа дека новинарот е пијан, всушност подоцна се дознало дека Маматов доживеал мозочен удар. Тој станал херој затоа што ја обновил индустријата која досега била запоствена на национално ниво. Еден твитерџија, после прес-конференцијата го пронашол Маматов надвор како пие квас.

 

Аналитичарите предвидоа дека продажбата на квас ќе експлодира бидејќи тоа се случува со секој производ чиешто име излегува од устата на Големиот претседател. Секако дека аналитичарите беа во право. Пијалокот доживеа ренесанса и во Русија стана попопуларен од пивото.


Пијалокот датира од 11-от век кога Словените го чувале темниот 'ржан леб со овошјето и билките. Продажбата се зголемила за 12% само неколку месеци после случката со Маматов и Путин, а „Heineken“ најави дека ќе започне со производство на безалкохолен квас во своите четири пивари во Русија.

Пијалокот е освежувачки, слатко-горчлив, а помага и во текот на жешките летни месеци. Бил доста популарен за време на советската ера кога се продавал во буриња на улици и во текот на летните месеци, но регулациите на транспорт и флаширањето ги уништиле малите произведувачи на пијалокот, а останатите „кафеави“ пијалоци во 90-те навлегоа во срцето на Русија, која дотогаш беше новоотворен капиталистички пазар - „Coca Cola“, „Pepsi“ и останатите клонови.


Квасот има мал процентот на алкохол, а некогаш воопшто не содржи алкохол, па така е омилен избор за луѓето кои сакаат освежувачки пијалок после кој ќе можат да седнат позади воланот. А и консумирањето на сопствената традиција и` помага на економијата. Еден од најпопуларните брендови на овој пијалок е „Nikola“ - освен машкото име, значењето е и „Не е кола“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура