X
 22.04.2016 Култура

Најиконските изведби на музичката икона Принц

Легендарниот принц Почина на 57 годишна возраст. Американскиот пејач, текстописец и актер со децении претставуваше огромна фигура во популарната музика и беше познат по неговиот широк вокален опсег и необичното сценско присуство.

 

принц


Во текот на неговата музичка кариера има издадено 39 студиски албуми, вклучувајќи и два во 2015 година, меѓутоа неговиот најпознат и најиконски албум беше „Purple Rain“ издаден во 1984 година кој беше продаден во 13 милиони примероци.

Ниту еден уметник не може сосема да го достигне мајсторството на Принц во поврзувањето со неговата публика. Тој имаше способност да ја хипнотизира и маѓепса публиката - секое негово движење беше осмислено,

Ова се неговите незаборавни, најпознати иконски настапи.

6. „While my guitar gently weeps“ - во чест на Џорџ Харисон со Тим Пети, Стив Винвуд, Џеф Лин во 20014 година




Музичките критичари велат дека Принц беше еден од најголемите гитаристи на сите времиња, а оваа негова изведба го потврдува овој факт.

5. „I wanna be your lover“ и „Why you want to treat me so bad“, на музичкото шоу „American Banstand“ во 1980 година



Ова беше една од неговите најрани телевизиски перформанси и останува една од најпознатите. После неговата изведба, следуваше интервју со Дик Кларк, кој на секое негово прашање добиваше само еден збор одговор од 21 годишниот Принц. Во тоа време луѓето тврдеа дека Принц ќе биде катастрофа, но всушност беше настан кој придонесе многу за неговата кариера.

4. „Baby I'm a star“, Греми награди 1985 година

Еден од најдобрите и највпечатливите изведби на Принц - сцената се преполна со фанови. Ова беше годината кога Принц не успеа да ја добие греми наградата за албум на годината за неговиот албум „Purple rain“, а наградата му припадна на Лајонел Ричи.

3. Супер Боул, полувреме, 2007 година



Неговата изведба нашироко се смета за едно од најдобрите шоуа на полувреме за време на Супер Боул. Принц направи невиден спектакл кој траеше 12 минути со неговите најголеми хитови.

2. „Piano and microphone“, соло изведба, Пејсли Парк, јануари 2016 година

„Принц му се приближува на пијаното, започнува со еден акорд, звучно. Застанува. Си заминува“. Изведувајќи пред илјадници фанови, ова беше настан кој се случува еднаш во животот. Настанот беше толку интимен што Принц се појави во неговите свилени пижами.

1. Изведба во 02 Арената, април 2007 година


Настанот се случи во време кога Принц се бореше со дестабилизацијата на неговата кариера - пет години после неговиот последен настап во Англија. После 52 и пол часа на сцената, тој испеа 504 песни пред половина милион публика.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура