X
 19.07.2023 Култура

Рекордот за најкратка улога што освои „Оскар“

Филмот „Телевизиска мрежа“ од 1976 година има освоено неколку „Оскари“.

Филмот го држи рекордот за најмногу освоени „Оскари“ за глума доделени на еден филм и е еден од 15. филма што биле номинирани во секоја актерска категорија. Освен тоа, актер од филмот првпат доби признание и постхумна награда (Питер Финч, кој остана единствениот човек што доби такво признание до победата на Хит Леџер во 2009 година).

 

Но, филмот има уште една уникатна награда. Кога Беатрис Стрејт ја освои наградата за најдобра споредна женска улога за нејзината глума како несреќната домаќинка Луиз Шумахер, таа стана единствената актерка што успеа да освои „Оскар“ појавувајќи се само 5 минути и 2 секунди во филм. Тоа е најкраткиот перформанс во историјата на филмот што успеал да добие „Оскар“.

 

Извор: Collider.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура