Жени групно ќе врескаат утре во 15 часот кај споменикот на Стефан Немања пред Собранието и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Станува збор за уметничка изведба наречена „Брн/аут“, што се преведува како прегорување. Изведбата била осмислена од уметницата Деа Џанковиќ.
- Прегорувањето ни се случува како последица на ритамот на животот кој ни е наметнат и очекувањата кои секој поединец мора да ги исполни за да преживее во општеството. Влијанието на модерната технологијата, и покрај оригиналната концепција како „голем ослободувач на време и поддршка на нашето секојдневие“, иронично нè зароби. Неприродно е она што го очекуваме од нашите тела и умови на секојдневно ниво, без доволно време да процесираме низ што поминуваме - изјавила Џанковиќ.
Таа открила дека поминувала низ ова пред две години и го помни како едно од најстрашните искуства во животот, а оваа година за малку повторно ќе ѝ се случело истото.
- Таа состојба ја гледам секаде околу себе - изјавила таа.
Перформансот се фокусира на овој проблем со кој се соочуваат речиси сите додека минуваат низ настани како пандемија, геополитички проблеми итн.
На прашањето зошто повикот за учество во перформансот е само за жени, таа одговорила дека сакала искрено да укаже на нешто што го заклучила од свое искуство.
- Жените се многу поизложени на стресот отколку мажите. Стресот го предизвикуваат општествените притисоци, психофизичката експлоатација и сите форми на институционално насилство. Од нас секогаш се очекувало повеќе и тие очекувања само се зголемиле соодветно со стапката на стигматизација и осудување од општеството, иако би требало да е спротивно - изјавила таа.
Извор:
Danas
Насловна фотографија: Freepik