X
 25.04.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крај на месецот?

Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во североисточните, источните и југоисточните предели каде локално може да наврнат и над 20 литри дожд. Ќе дува доумерен засилен југозападен и јужен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 3 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 9 односно до 20 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо. Врнежите се очекуваат да започнат во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 17 степени.

МАКЕДОНИЈА 3 ДЕНА - Во Македонија во вторник во раните утрински часови нестабилно со врнежи од дожд и ветровито, а над 1000 метри ќе провејува слаб снег. Попладне разведрување. Утринските температри од -2 до 7, а дневните од 8 до 18 степени. Студено утро не очекува и во среда со утрински температури од -3 до 6 степени. Во текот на денот сонево и потопло со максимални температури кои ќе достигнат до 12 однсоно до 22 степени.

Во четврток претежно сончево со локална облачност и потопло со пораст на температурите, како на утринските така и на дневните. Утринските од 0 до 9 степени, додека пак дневните од 14 до 24 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот