Денес е понеделник, 24 октомври 2016 година, 298-иот ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:51, а ќе зајде во 17:42 часот. Денот ќе трае 10
часа и 50 минути.
Во западните предели имаме претежно ведро време со локална облачност и
посвежо, додека пак на исток од текот на реката Вардар имаме појава на
магла како и облачност која пак условува повисоки утрински температури.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови ќе имаме појава на магла, па во
северните, североисточните и источните предели не очекува претежно
облачно време, претпладне разведрување. Во останатите предели во текот
на целиот ден ќе биде претежно сончево време со појава на локална
облачност и релативно топло за овој период од годината. Утринските
температури од 4 до 14 степени, додека пак максималните дневни
температури ќе достигнат до 14 односно до 23 степени. Во вечерните
часови и во текот на ноќта кон вторник повторно се очекува појава на
магла.
СКОПЈЕ – Во Скопје денес во утринските часови појава на магла, која
претпладне постепено ќе се намалува па се очекува во доцните
претпладневни како и во попладневните часови да преовладува претежно
сончево време со локална облачност и топло. Слаб југоисточен ветер.
Утринската температура од 12 степени, максималната дневна до 21 степен.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во вторник не очекува претежно сончево време со
појава на локална облачност и надпросечно топло време кога се во прашање
максималните температури кои ќе се движат од 16 до 24 степени. Во среда
умерено облачно време со појава на сончеви периоди и ветровито време. Во
вечерните часови и во текот на ноќта продор на влажна и студена воздушна
маса од север која ќе донесе промена на времето. Максималните
температури во опаѓање и ќе се движат од 12 до 20 степени. Во четврток
облачно со врнежи од дожд, засилен студен ветер кој ќе донесе
температури од 8 до 16 степени. Над 1500 метри се очекуваат и врнежи од
снег. Во петок умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и
студено со температури од 8 до 16 степени.
Weather4all.com.mk