Дали некогаш сте се запрашале кој стои позади фан-видеата на добрите стари хитови од Yu Pop-Rock музиката која ја слушате одвреме-навреме на „YouTube“? Дали мислите дека е возможно да се заработи на овој начин и дали кај нас може да се живее од „YouTube“?
Новинарката Марија Ратковиќ од „Vice“ го открила Семир Ливадиќ - Семко, човекот кој стои зад видеата од старата југословенска музика на „YouTube“.
„
Семко, кој си ти и како и кога ја доби идејата да ги промовираш најпопуларните југословенски хитови, правејќи свои видеа?
Семко: Роден сум во Ријека, живеев во Германија речиси шест години, па потоа се вратив во родното место на своите родители кадешто имаме семеен имот во околината на Брчко, на границата меѓу Хрватска и Б и Х. Пред сè, јас не сум музички образован, по професија сум економист со знаење на германскиот јазик и работам во маркетинг продажба, а своите слободни минути, понекогаш и часови, ги поминувам во креативна работа која ја скапував под името Sema Music Club, односно каналот на YouTube, SMC. Можеби зборот club не одговара бидејќи не се вклопува во таа носталгија која ја презентирам, но симболично претставува еден збир од лично мои најсакани песни и изведувачи од поранешна Југославија. Тоа го имавме во тогашната Југославија, го имаме веројатно уште и денес, но под некои чудни околности. Започнав со култната група EKV бидејќи тие некако ми беа стартна позиција од некоја желба песните со кои растевме или кои приватно ги сакам да добијат своја визуелна приказна.
Vice: Како изгледа твојата работа, што оди прво, изборот на песна или видео инсертите, како го промовираш видеото, како доаѓаш до спотови со повеќе илјади или дури и милион прегледи?
Семко: Одбирам инсерти од мои омилени филмови или серии, рекламни кампањи и други видео содржини и со тоа на музиката и додавам едно поголемо ниво вредност. За визуелната содржина се обраќам до филмските компании кои се сопственици на видео содржините, а за аудио содржините на издавачките куќи, а кога некој прави порачка за изработка на промотивен спот, тогаш за тие детали често не се грижам, во тој случај само за визуелниот дел од приказната. Прегледите доаѓаа како што доаѓаат и денес, сами од себе, без некаква платена промоција. Сите прегледи се реални без парични промоции за зголемување на кликови или споделувања, што е посебно фасцинантно. Се трудам совршено да ги вклопам сцените со соодветната мелодија и текстот, па многу се збунети мислејќи дека се работи за навистина официјално видео, а денес многу спотови кои сум ги направил се пуштаат на скоро сите приватни музички канали во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.“
Во продолжението на интервјуто, Семко објаснува и повеќе за монетизацијата од оваа работа. Тој вели дека нема толку пари како што се мисли.
„Комплетната аудио-видео содржина не ја монетизирам јас лично, туку директно ја преземаат издавачките куќи кои се сопственици на таа содржина, па монетизацијата ја делат во одреден процент со изведувачите. Мојот дел се однесува на процентот од монтажа која ја правам, и тоа само со договор со изведувачот или неговиот менаџмент, кога добиваат желба за таква промоција. Доколку сам одберам која песна ќе ја промовираат и за истата ја направам монтажата, таа секако не можам да ја наплатам“, вели тој.
Целото интервју прочитајте го
ОВДЕ.