X
 02.06.2024 Наука

Растенијата ја сакаат музиката, a имаат и омилен жанр

Ако некој ве види како им пеете на растенијата, веројатно ќе се запраша дали сте добро. Сепак, она што тие не го знаат, а вие ќе го дознаете сега, е дека некои истражувања покажуваат дека музиката има фантастичен ефект врз растенијата.

Во една студија спроведена пред неколку години, Ми-Јеонг Јеонг од Националниот институт за земјоделска биотехнологија во Сувон, Јужна Кореја, и неговите колеги тврделе дека идентификувале растителни гени кои можат да слушаат и да реагираат на музиката откако спровеле со композиции на Бетовен.

Во една помалку научна, но еднакво фасцинантна студија спроведена во 2009 година од тимот на „Митбастерс“ била проучена врската помеѓу музиката и растенијата.

Додека траел експериментот, грашокот „слушал“ хеви метал и класична музика во посебни оранжерии. Другите растенија биле изложени на обичен говор и убави зборови. На крајот од експериментот грашокот што слушал хеви метал најмногу напредувал.

Студија што била спроведена на Универзитетот „Османиа“ во Хајдерабад, Индија, подразбирала изложување на 30 рози на индиска класична музика, ведски пеења, западна класична музика и рок-музика. Експериментот траел 60 дена, а главната цел била да се утврди како музиката влијае врз растенијата.

Резултатите покажале дека розите што биле изложени на ведско пеење и индиска класична музика многу ги надминале растенијата изложени на други видови музика во однос на растот и цветањето.

Уште едно истражување на оваа тема е спроведено во истата 2014 година.

Научниците Хајди Апел и Рекс Кокрофт од Универзитетот во Мисури откриле дека малите растенија од синап реагираат на звучни вибрации. Исто така, Кралското хортикултурно друштво открило дека доматите позитивно реагираат на женските гласови откако ги слушале волонтерите кои им читале во период од 30 дена. Во истражувањето учествувале и мажи, но растенијата што биле изложени на нивниот глас не покажале некоја посебна реакција.

Некои научници тврдат дека растенијата всушност реагираат на вибрациите што ги создава човечкиот глас. Од друга страна, некои тврдат дека овие студии се погрешни и не докажуваат ништо.

Извор: n1info.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука