Премиерата на шестата сезона на „Game of thrones“ започна онака како што заврши - со сцената на која Џон Сноу умира. И додека повеќето од нас се надевавме дека тој некако ќе преживее (иако од НВО постојано негираа), тоа не се случи.
Но, интересно е тоа што никој кој ја гледал првата епизода од 6-та сезона, воопшто не се грижеше за тоа дали Џон е мртов или жив. Наместо тоа, сите се зачудија како Мелисандра се`уште е жива. Како што досега знаевме, Мелисандра е прекрасна црвенокоса која му подари живот на сенката која го уби кралот Ренли Баратион и го присили Станис Баратион да ја жртвува сопствената ќерка. Да, сите знаевме дека со неа се случува нешто чудно, но никој не би ни помислил дека под оваа фатална девојка се крие старица кога Мелисандра ќе го тргне својот препознатлив ѓердан.
Се чини дека станува збор за магичен подарок од богот кој толку го заштитува за да може да го сокрие нејзиното вистинско лице. Но, истиот тој ѓердан со себе повлекува многу прашања. Досега мислевме дека знаеме многу работи за оваа мистериозна волшебничка и нејзините мотиви, но сега за прв пат се соочивме која е таа и не знаеме ништо за неа и за нејзината магија.
Меѓутоа, глумицата која ја толкува улогата на Мелисандра, Карис ван Хутен, сепак знаела нешто повеќе за вистинската возраст на Мелисандра со оглед на тоа што продуцентите за време на кастингот ѝ кажале дека ќе глуми жена која е постара од еден век. И секако, тоа го знаеја сите читатели на серијата книги на Мартин.
Тоа не значи дека не останавме шокирани со новата епизода. Исто така, се наметнува и прашањето каква улога има оваа волшебничка во животот на Џон Сноу. Интересно е и тоа што Давос Сиворт мисли дека Мелисандра може да го врати од мртвите со оглед на тоа што размислува од неа да побара помош. Останува да видиме што ќе се случи наредната недела.