Доколку овие денови посетите ресторан во кој било дел од светот, веројатно ќе видите како луѓето ги фотографираат чиниите со храна. За некои гости оброкот не може да започне ако прво не го сликаат и не ја стават сликата на „Инстаграм“ со вообичаениот хаштаг како #foodporn, #delicious или #yum.
Ова се неколку од начините како „Инстаграм“ се храни со она што ние го јадеме.
1. Светска кујна
„Инстаграм“ ги руши географските бариери во светот на храната. На социјалните мрежи се споделуваат рецепти од целиот свет полесно од претходно, овозможувајќи ни да видиме и да вкусиме храна од култури различни од нашата.
2. Храна во боја на виножито
Зошто храната да биде во беж-боја кога може да биде црвена, виолетова, жолта, зелена, сина и портокалова - сето тоа истовремено?
Јасно е дека многу луѓе го поставуваат истото прашање бидејќи има 119.000 постови на „Инстаграм“ под хаштагот #rainbowfood.
Неодамнешниот феномен е бејгл во боја на виножито (rainbow bagel) направен од различни бои на тесто. Јадењето станало толку популарно, што неговиот творец Скот Росило, пекар од Бруклин што го произведува печивото веќе 20 години, го заштитил.
Фото: Getty Images
Освен храната во боја на виножитото, постои и поткатегорија #unicornfood. Храната во пастелни бои, често и светла, исто така предизвика бум, токму благодарение на „Инстаграм“.
Во 2017 година „Старбакс“ го измисли „Јуникорн фрапучино“ што стана инстант хит.
3. Персонализирана храна
Фото: Getty Images
Дали кафето на кое е нацртан вашиот лик е инстаграм-понуда што не се одбива?
Ресторанот „Ти Терас“ во улицата „Оксфорд“ во Лондон го создал „селфичино“: капучино со нацртан лик на нарачателот.
Германскиот бренд за храна „Кнор“ пронашол начин да го произведе она што сакаме да го јадеме - само гледајќи ги нашите инстаграм-профили. Хаштагот #EatYourFeed е всушност алатка што ги анализира податоците на корисниците на „Инстаграм“ за да создаде персонализирани рецепти врз основа на нивните искуства и интереси.
Така, на пример, ако сте на мини-одмор во Барселона, #EatYourFeed ќе ви овозможи рецепт врз основа на тоа искуство.
4. Моќта на растенијата
Фото: Getty Images
„Инстаграм“ направи неверојатни работи за револуцијата на веганската храна.
Ела Мис го документирала својот начин на живот на интернет: таа има повеќе книги, линија здрави грицки и 1,4 милион следбеници на „Инстаграм“.
- „Инстаграм“ овозможи исхраната базирана на растенија да се сфати како нешто сјајно, богато, живописно и вкусно, што помогна во пребродување на предрасудите дека тоа е храна за зајаци - вели таа.
Оваа социјална мрежа овозможи ваквата исхрана да стане препознатлива како здрава - а тоа е нешто што го сакаат вегетаријанците и веганите - да станат видливи.
5. Целосно наполнета храна
Фото: Getty Images
„Инстаграм“ покажува дека многу од нас сакаат порции полни до врвот.
Напишете #freakshake - прекалоричен, мегашејк што може да содржи сладолед, чоколадо и парчиња торта.
Уште еден вид храна што интернетот ја обожава се „bubblewrap“ вафли: слатки корнети преполни со крем, овошје и други благи.
6. Дизајнот на рестораните
Фото: Getty Images
Не се менува само храната. Начинот на кој рестораните го менуваат дизајнот исто така се развива, со желба инстаграм-корисниците да бидат задоволни и среќни.
Не се менува само она што го јадеме, туку и каде јадеме - цел
пакет мора да биде естетски привлечен.