X
 26.04.2016 Култура

Откриено е зошто Бонд е 007 и други интересни занимливости

Сите во текот на животот го користиме поздравот „Give me five“. Исто, повеќето од нас го имаат гледано филмот за агентот Џејмс Бонд 007, на повеќето им е познат кодот 420 кој го користат оние кои консумираат марихуана, и сите знаеме за „error 404“ кои некои страни го користат за да прикажат грешка. Но, дали го знаете потеклото на овие симболи?

 

бонд


1. „Give me five“

Постојат неколку теории за настанувањето на овој поздрав, а најмногу држи вода онаа која вели дека настанал во текот на бејзбол натпревар во 1977 година кога играчот на Л.А Доџерс, Глен Бурк спонтано сакал да му пушти рака на својот соиграч Дасти Бејкер, но испаднало поинаку, па така настанал овој поздрав. Другата теорија вели дека популарниот поздрав е измислен истата година на кошаркарски натпревар. Како и да е, ова е поздрав кој го користат милијарда луѓе, а во Америка дури има и свој национален ден.

2. Џејмс Бонд 007

Во 1952 година Иан Флеминг започнал да ја пишува книгата „Казино Ројал“ во Јамајка. Тој барал име за неговиот херој, па се сетил на американскиот орнитолог Џејмс Бонд, експерт за птици кој живеел на Карибите.

„Ова име истовремено е и борбено и машко - токму она што ми беше потребно. На тој начин беше создаден Бонд“, вели Флеминг.

Броевите 007 пак потекнуваат од серијата телефонски пораки кои Германците им ги испраќале на Мексико за да ги потткинат да ја нападнат Америка за време на Втората светска војна. Пораките се исто така познати и како Зимерманови пораки.

3. „Error 404“

Во 1980 година група на научници во ЦЕРН започнале да работат на развој на WWW (World Wide Web). Нивната цел била да создадат база на податоци отворени за сите да можат да ги користат.

Во канцеларијата на четвртиот спрат, во собата 404 била сместена главната база на податоци, а секое барање за пристап до податоците било насочено во таа соба. Таму двајца луѓе рачно ги барале податоците и им ги испраќале на корисникот.

Како што базата на податоци растела, барањата не можеле да се исполнуваат, воглавно бидејќи луѓето кои испраќале барања не ги пишувале правилно податоците кои се барале. Наскоро започнала да пристигнува порака: „Room 404: file not found“, баш како и денес.

4. Код 420

Овој број им е познат на оние кои консумираат марихуана, а приказната за него започнува во Калифорнија кога средношколците договориле состанок во 16:20 часот за да пронајдат плантажа за марихуана. Не ја пронашле, но 420 останал, и токму на 20 април се слави денот на марихуаната.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура