X
 11.11.2016 Култура

Брегзит, Трамп... Што е следно?

После прилично изненадувачкиот успех во Велика Британија и Америка, на мета на популистите се наоѓаат уште пет земји кои ги очекуваат избори - Италија, Австрија, Холандија, Франција и Германија.

 

1


Чувствоо на огорченост поради политичката елита, незадоволството поради нееднаквоста и емигрантите ќе влијае врз резултатите од изборите чиј резултат сега е уште потешко да се предвиди. Но, сигурно е дека ваквата нестабилност ја зајакнуваат популистичките партии и движења.

„Мислам дека сега започнавме да сфаќаме дека анкетите скоро секогаш грешат во врска со екстремистички националистички кандидат“, вели Боб Џанџуа, висок советник на компанијата „Nomura“. Популистичкиот бран ја проби бариерата уште во јуни, на референдумот во Велика Британија, а Блумберг донесува хронологија на популизмот од последниот успех па до предизвиците пред кои ќе се најде во следните десет месеци.

Брегзит беше пресвртница


Граѓаните на Велика Британија на 23 јуни излегоа на референдум на кој требаше да се изјаснат дали сакаат нивната земја да остане или да ја напушти ЕУ. Повеќето од нив се одлучија за напуштање. Овој настан беше пресвртница - за прв пат една земја одлучи да излезе од ЕУ, и никој не знаеше што потоа. Во сиот тој хаос Велика Британија доби нов премиер. Поранешниот премиер, Дејвид Камерон, поднесе оставка, а Тереза Ме ја презеде неговата функција. Денес, четири месеци после преземањето на власта од Меј, во Британија преовладува несигурност и не се јасни плановите на владата, а и на самата Меј во врска со Брегзитот.

Дека на популистите им даде поттик големата победа на Доналд Трамп на претседателските избори во Америка, најдобро зборува изјава на Најџел Фараж, од британската партија „UKIP“ и еден од најзаслужните луѓе за Брегзитот. „Два големи шокови во 2016 година. Верувам дека му доаѓа крајот на погрешното сојузништво на крупниот капитал, големите банки и големите политики“.

Следниот тест е референдумот во Италија

Следниот тест за популизмот ќе се случи за помалку од еден месец. Италијанците на 4 декември ќе излезат на референдум за кој нивниот премиер Матео Ренци вели дека ќе ја направи владата постабилна и ќе го поедностави законодавството. Ренци вети дека ако референдумот не помине, тој ќе даде оставка. Тоа би му дало поттик на движењето „Пет ѕвезди“, кое е жесток противник на естаблишментот.  

Ваквиот развој на случувањата води до привремени избори следната година што би значело дека повеќе од 75% од земјите во еврозоната ќе имаат изборна година.

Поранешниот италијански премиер Енрико Лета изјави дека избраните официјални лица мораат да ги разгледаат односите со гласачите. Според него, таканаречениот Клинтон модел на долгогодишни политичари е готов засекогаш. „Традиционалните партии какви што ние ги познаваме се минато“, изјави тој.

Претседателски избори во Австрија

Истиот ден кога Италијанците ќе излезат на референдум, Австријците ќе излезат на гласање за да го изберат својот претседател откако претходниот обид беше откажан. Иако во Австрија, како и во Германија, вистинската сила ја држи канцеларот, сепак важно е тоа што овие избори на власт може да го доведат првиот тврдо десничарки претседател - нешто што го немаше во Западна Европа после Втората светска војна.

Во мај, кандидатот на Партијата на зелените Александар Ван дер Белен го победи Норберт Хофер, десничарскиот кандидат на Партијата на слободата со антимигрантски ставови. Разликата беше 30.000 гласови, а изборите сега се повторуваат бидејќи партијата на Хофер поднесе приговор за резултатите. Анкетите се доста неизвесни. Австрискиот канцелар Христијан Керс вели дека изборите во Америка се лекција за Европа. Вели дека изборната борба ќе биде жестока борба за средната класа.

Избори во Холандија


Холандија парламентарните избори ќе ги одржи во 2017 година. Изборите треба да се одржат на 15 мат, а дури 13 партии би можеле да влезат во парламентот. Герт Вилдерс, лидерот на анти-исламската Партија на слободата е во мртва трка со либералниот премиер Марк Руте. „Луѓето си ја враќаат земјата. Тоа ќе го направиме и ние“, изјави тој.

Но, Холандија која веќе една деценија има искуство со популистите како Пим Фортјун, се'уште има време да го спречи залетот на Вилдерс. Руте веќе ја отфлри коалицијата со Партијата на слободата, па тешко е да се замисли како Вилдер може да состави владејачко мнозинство после изборите.

Неизвесност во француската ситуација

Француските гласачи веќе два пати избегнаа на власт да дојде антимигрантската десничарска партија Национален фронт. Но победата на Трамп и Брегзитот покажуваат дека ништо не треба да се зема здраво за готово, па неизвесно е кој после Холанд ќе завладее со Франција.

Од еда страна тука е сегашниот претседател Оланд, кој е најнепопуларниот претседател во историјата на Франција, а тука е и поранешниот претседател, омразениот Никола Саркози кој најави дека повторно ќе се кандидира на изборите во 2017 година. Тука е и лидерот на Националниот фронт, Марин Ле Пен, чија популарност се зголемува и има големи шанси со оглед на ситуацијата. Ле Пен беше единствениот лидер на француска партија која го поддржа Трамп, па не изненадува тоа што веднаш после победата на Трамп таа изрази задоволство.

Дали Германија ќе потклекне?

Германија е една од европските држави која е најотпорна на популизам. Федералните избори се очекуваат на есен во 2017 година. Тие ќе покажа дали и Германија ќе потклекне на трендот кој започнува да владее во Европа. „Како што Американците не веруваат во анкетите на мејнстрим медиумите, така и Германците мораат да имаат храброст да остават своја трага на гласачкото ливче“, вели Фраук Петри, еден од лидерите на антимиграциската партија Алтернатива за Германија.

Канцеларката Ангела Меркел, која се'уште нема откриено дали повторно ќе се кандидира, веќе претрпе низа порази на регионално ниво. Како главна причина се смета нејзината политика на отворени врати кон мигрантите. И самиот Доналд Трамп нејзината политика а нарече „луда“. Токму неговата победа која го изненади светот може да биде потребното влијание за Меркел сепак да тргне во борба за својот четврт мандат.

Поранешниот италијански премиер Енрико Лета 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура