Веб-страницата „Летербоксд“ е рај за љубителите на филмови затоа што тука можат да ги споделат своите мислења за филмовите и да се поврзат со други љубители на филмови од целиот свет. Веб-страницата содржи рецензии за повеќе од 876.000 филмови, а меѓу највисоко оценетите филмови се класиците „Кум“ (1972) и „Бегство од Шошенк“ (1994), со просечна оцена од 4,6 од 5 за двата филма.
Овие филмови го издржаа тестот на времето за да го заслужат своето место на листата со најдобри филмови на сите времиња, а исто така ги заземаат првите две места на листата со најдобри филмови на „IMDb“, привлекувајќи генерација по генерација гледачи.
Други високо оценети филмови на „Летербоксд“ се „Човечка состојба III“ од 1961 година: и „Кум II“ од 1974 година.
Еден понов филм успеа да се пробие меѓу класиците и да стигне до топ-10 листата на страницата.
Станува збор за филмот „Паразит“ (2019), кој освои четири „Оскари“, меѓу кои и „Оскар“ за најдобар режисер и најдобар филм - првиот филм од неанглиско говорно подрачје во историјата што го направил тоа.
„Паразит“ заработи импресивна оцена од 4,6 на „Летербоксд“, што го става на 8. место на табелата.
Заплетот на филмот го следи семејството Ким, кое живее во сиромашен подрумски стан во Сеул. Мајката, таткото и двете возрасни деца немаат работа и се снаоѓаат како знаат и умеат.
Кога синот на Ки-ву ќе добие можност да ѝ држи часови по англиски јазик на ќерката на богатото семејство Парк, тие многу лукаво, еден по еден, со помош на измами, добиваат различни работни места кај ова семејство. Господин и г-ѓа Парк се задоволни од ангажманот на Ки-ву и неговото семејство, иако не знаат дека се во крвно сродство.
Првиот дел од филмот е маестрална игра на интриги со црн хумор, пред вториот дел да добие помрачна атмосфера и заплет чиј хумор остава горчлив вкус.
Извор:
6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube