X
 03.05.2016 Наука

Колку луѓе досега живееле на планетава?

Лесно е да се мисли дека нашето време и светот околу нас се уникатни и дефинитивни. Но, помислата на сите оние луѓе кои некогаш живееле на оваа планета може да даде поинаков поглед на човекот.


Според истражувачите во „Population reference bureau“, до 2015, имало 108,2 милијарди луѓе кои некогаш биле родени. Доколку ги одземеме оние 7,4 милијарди кои живеат денес, добиваме број од 100,8 милијарди луѓе кои починале досега.

Тоа значи дека има 14 пати повеќе луѓе кои се мртви отколку живи. Гледано од пооптимистичка страна, луѓето кои живеат денес се околу 6,8% од сите луѓе кои живееле некогаш.


Истражувачите за почеток на човековата историја ја земале годината 50.000 г.п.н.е., кога се појавил модерниот Хомо сапиенс.

Добивањето на бројка на луѓе кои се родиле потоа се основа на шпекулација на почетокот, а на конкретни информации подоцна. Интересно е што животот население на планетата се зголемило за околу 6 пати од 1850-та досега.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука