Во Македонија во вторник во утринските часови ќе се намалува интензитетот на обилните врнежи, но врнежите ќе продолжат во текот на денот. Врнежите ќе бидат пропратени со доумерен северозападен, а во западните предели и западен ветер. Утринските температури од 3 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.
Во доцните попладневни и во вечерните часови врнежите ќе престануваат.
СКОПЈЕ - Во Скопје во вторник умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 14 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во наредните денови во Македонија ќе продолжи нестабилното време со локални врнежи од дожд, но ќе биде и се потопло, барем до петок. Во среда и сабота во цела Македонија ќе биде нестабилно со локални врнежи од дожд, додека пак во четврток и петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во четврток услови за врнежи од дожд ќе има во централните и североисточните предели, а во петок во источните и североисточните предели.
Во среда температурите од 9 до 19 степени, во четврток од 12 до 21 степен, а поопло ќе биде во петок кога дневните температури ќе достигнат до 15 односно до 24 степени. Во сабота пак максималните дневни температури ќе бележат благо опаѓање и ќе се движат од 13 до 21 степен.
Weather4all.com.mk