X
 04.05.2016 Живот

Од недела стабилизација на времето



Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд, ветровито и свежо. Дождот ќе изостане само во југоисточните предели. Над 1500 метри услови за провејување на слаб снег. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер кој ќе биде најсилен долж Повардарието каде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 2 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд попладне. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попадне во северозападните и централните предели со услови за слаб дожд. Максималните температури од 11 до 21 степен. Во петок умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на дневните температури кои ќе се движат од 14 до 24 степени. Во сабота преодна дестабилизација и нов бран на врнежи кои ќе донесат и пониски температури кои ќе достигнат до 12 односно до 22 степени. Стабилизација на времето и пораст на температурите се очекува веќе од недела, кога максималните температури ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот