Уште едно свежо утро не очекува во Македонија со утрински температури кои ќе се движат во интервал од 5 до 14 степени.
Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен а понекаде и западен ветер.
Максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 11 степени, а максималната дневна до 25 степени
Четврток и петок ни носат пораст на утринските температури кои ќе се движат од 7 до 17 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло со пораст и на дневните температури кои ќе достигнат до 22 односно до 33 степени.
Зголемување на облачноста се очекува во сабота кога ќе преобладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди.
Во недела се очекува промена на временската состојба. Продор на влажна воздушна маса од север, која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и пад на дневните температури кои ќе се движат од 20 до 30 степени.