Во Македонија во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и топло. Во западните предели се очекува зголемена облачност. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Температурите ќе бидат во пораст поради изразеното јужно воздушно струење. Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 13 степени.
Во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на циклонска циркулација која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд, а на планините и врнежи од снег. Во среда дневните температури од 9 до 17 степени, кои во четврток и петок ќе опаднат, и во четврток ќе достигнат од 5 до 13 степени, а во петок од 7 до 14 степени.
Во сабота нестабилно со врнежи од дожд со максимални дневни температури кои ќе се движат од 9 до 16 степени.
Weather4all.com.mk