X
 12.05.2016 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува

Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи од дожд и грмотевици, проследени со доумерен југоисточен и југозападен ветер попладне ќе имаме во западните предели каде се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд, а во вечерните часови поинтензивни врнежи во источните и југоисточните предели. Утринските температури од 7 до 16 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 26 степени.



Во Скопје во четврток претпладне умерено облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 23 степени.

Во наредните денови доста променливи временски услови. Во петок претежно сончево и многу топло со максимални температури од 19 до 29 степени. Претежно сончево со локална облачност со благ пад на температурата во сабота, само во североисточните, источните и југоисточните предели со услови за слаб локален дожд. Дневните температури од 18 до 27 степени. Во недела претпладне умерено облачно облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 16 до 25 степени. Во понеделник умерено облачно со сончеви периоди и дополнителен пад на дневните температури кои ќе се движат од 14 до 23 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот