Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама испратила писмо до секое училиште во САД во кое се наведува дека отсега е дозволено на трансродните деца да користат тоалет според сопственото чувство на родов идентитет, а не според полот.
Писмото, кое го потпишале припадници на Министерството за правда и Министерството за образование било испратено неделава, а на интернет-страницата на Мнистерството за правда е објавена копија од писмото, пренесува „
Fox news“.
И покрај тоа што нема моќ на закон, со ова писмо се предупредува дека сите училишта кои нема да ја почитуваат оваа наредба ќе се сносат со одговорност за непочитување на човековите права и против нив ќе биде поднесена тужба.
- Во нашите училишта нема место за дискриминација од било каков вид, вклучувајќи и дискриминација против трансродни личности - напишала во соопштението Лорета Линч, адвокат.