Високо над нашите глави има мистериозен руски сателит. И начин на кој се однесува, според американскиот Стејт департмент, е различен од однесувањето на другите сателити.
- Не знаеме со сигурност што е и нема начин да се провери. Но, руските намери во однос на овој сателит се нејасни - истакна Ајлим Поблит, помошничката на американскиот секретар за контрола на оружје.
Коментарите беа истакнати на Конференцијата за разоружување на ОН, одржана во Женева, Швајцарија, по само неколку дена откако САД ги повторија намерите за создавање вселенски сили до 2020 година за да можат да се соочат со заканите на ова ново бојно поле, иако таа идеја беше критикувана од американската заедница поврзана со работи во вселената.
Според Поблит, моменталните стравови се одговор на вселенски објект распореден од страна на руското министерство за одбрана во октомври минатата година, кој Русите го опишаа како „вселенски апарат-инспектор“.
- Загрижени сме за многу абнормалното однесување на „вселенскиот апарат-инспектор“ - рече таа.
Фото: Pixabay
Иако таа не го именува вселенскиот брод за кој зборуваше, некои луѓе веруваат дека станува збор за мал сателит наречен „Космос 2521“, кој сепак беше распореден во август минатата година, а не во октомври. Без разлика дали тоа е точно или не, Поблит вели дека е многу ризично да ѝ се верува на руската влада без да се испита што таа кажува.
- Нашите руски колеги ќе негираат дека нивните системи се наменети да бидат непријателски. Но, тешко е да се откријат вистинските намери на еден објект само преку негово набљудување. Тоа води до прашањето - дали ова се доволно информации за да се провери и процени дали во орбитата било тестирано оружје или не? САД не веруваат дека е - истакна Поблит.
Рускиот дипломат во Женева, Александар Дејенко, ги негираше овие работи и рече дека се
клеветнички обвиненија базирани на сомневања, претпоставки итн.