X
 17.05.2016 Култура

Ретки фотографии од културната револуција во Кина

Фотографот Ли Шенсшенг преку неговите ретко видени фотографии дава уникатен поглед кон кинеската културна револуција - хаотичен период на прочистување и казна кој започнал на 16 мај 1966 година и траел во различни фази сe` до смртта на претседателот на Комунистичката партија Мао Цетунг 10 години подоцна.

 

кина


Ли работел за весникот „Heilongjiang Province“ во тоа време, такашто работата му дозволувала да направи фотографии од кампањата на Мао без страв од вознемирување. Тој подоцна ги скрил негативите во случај владините претставници некогаш да дојдат по него.

И дошле. Во 1968 година владата го обвинила за „контрареволуционерни“ активности и направила рација во неговиот стан. Доколку официјалните лица успеале да ги пронајдат негативите, тие ќе ги уништеле. Меѓутоа фотографиите останале скриени, а Ли продолжил да ги штити низ годините. Денес, овие неверојатни фотографии го заобиколија светот и се објавени во книга. 

 

Линк до галеријата.


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура