X
 18.06.2019 Култура

Победници на денот: Момче и девојче со транспаренти против реалните шоуа во Србија

Фотографија на која момче и девојка позираат на улицата „Кнез Михајлова“ со транспаренти „Во име на културата“ станаа вирални на социјалните мрежи и најавуваат голема акција.

„Цензура на реалните шоуа во име на културата“ - пишува на транспарентот што го држи девојчето, можеби и несвесно што порачува.


Секако дека родителите ги ставиле во прв план, родители кои не знаат како поинаку да ги заштитат своите деца од влијанието на реалните шоуа во време во кое разговорите на таа тема се сведуваат на: „Во ред, грозно е, страшно е, понижувачко е, вулгарно е, но масата паѓа на тоа, а тебе никој не те тера да гледаш“.

Но, што со децата?

Како нив да им се објасни дека тоа нешто е грозно, страшно, понижувачки, вулгарно - ако се пушта на секој канал, ако за тоа зборуваат другарките од одделението, ако на програмата нема ништо друго со што би можело да се спореди.

- За кого го правиме сето ова? За нив. Ние растевме со детски емисии, нема да дозволиме тие да растат со реални шоуа. Во име на културата - е иницијативата против реалните шоуа.

Фотографијата настана пред неколку дена, кога во центарот на Белград беше одржан перформанс на активистите од граѓанските здруженија кои бараат да се ограничи емитувањето на реалните шоуа на телевизиите со национална фреквенција.


Учесниците на перформансот пред Регулаторната агенција за електронски медиуми им прикажаа фотографии од шокантни сцени прикажани во реалните шоуа заедно со натписот: „Не сакам реални шоуа, сакам култура“, „Каде се цртаните“, но и огледало на кое пишува: „Погледни во очите на оној кој е виновен“.

- Не бараме забрана, тоа не би било уставно, но сметаме дека постоечкиот начин на прикажување најпрво е скандалозно, а потоа со него се крши постоечкиот закон. Повеќе пати доставувавме пријави до Регулаторните агенции, но не реагираа. Баравме да се утврди промовирањето на насилство и како доказ доставивме снимка од „Јутјуб“, од реално шоу каде влезе вооружен учесник и на другите учесници им се закануваше со пиштол. Пријавата беше отфрлена со образложение дека Агенцијата не е компетентна да ги оцени снимките од „Јутјуб“ - изјави Саво Манојловиќ, организатор на перформаност.

Паралелно започна собирањето на потписи за поддршка во борбата против реалните шоуа, а за 23 јуни најавен е и официјалниот почеток на инцијативата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура