За малиот јубилеј од пет епизоди, во новата „Фчерашни новости“ ќе гледате неколку ексклузивни
вести. Последни дознајте за новата авантура на Охрид и охридскиот туризам, изборите одложени,
но кампањата продолжува. Можеби најексклузивната вест е влијанието на Ватикан во
политичката криза во земјава.
„Фчерашни новости“ повторно ве чека на „Телма“ во недела во 19:10 часот, веднаш по вестите.
Реприза на епизода гледајте покасно истата вечер во 23:05 часот, следниот ден, понеделник,
после 16 часот и во четврток, исто така, после 16 часот.
На
официјалните канали на емисијата, пак, може да ги гледате сите досегашни епизоди, скечеви,
фотографии од снимањето и од позади сцената.