08.05.2017
Забава
„Фчерашни новости“ има нов хит. По „Хело, Зоки“, „Македонијо, како си“
„Фчерашни новости“ има нов хит. По „Хело, Зоки“, од студиото на најгледаната забавна емисија пристигнува „Македонијо, како си“ во изведба на Ланчо и Xtreme Z.
Во епизодата 24, која веќе е на Јутјуб, екипата анализираше и како течат промените во институциите и до каде е трансферот на власта.
Откриваат што е најбарано во трговијата со органи, која во Македонија зема што поголем замав.
Модниот гуру на „Фчерашни“ предвидува што ќе се носи оваа пролет.
Епизодата 25 се крчка, а до недела обидете се да ја исфрлите од глава „Македонијо, како си“, ве предизвикуваме!