Вашиот мозок може да има незамислив број на клетки (околу 100 милијарди) и претставува најсложената биолошка структура на земјата, меѓутоа тој се чини дека има малку поголем проблем кога станува збор за оптички илузии.
Се чини дека е и тоа како лесно да се измами мозокот - токму тоа го покажува и оваа оптичка илузија. Вашиот мозок може да е измамен и мисли дека спиралите во розевиот вртеж се светло зелени и светло сини - но тоа е сосема погрешно.
Всушност, спиралите се иста боја, нијанса на светло зелена, а тоа можете да го проверите со кодовите на бојата R=0, G=255, B=150 преку „Photoshop“.
Оптичката илузија беше создадена од Акијоши Китаока, професор по психологија за визуелна перцепција и визуелна илузија на Универзитетот во Кјото, Јапонија.
Професорот, кој поминал повеќе од една деценија создавајќи ја неговата колекција објаснува: „Се појавуваат спирали на светло зелена и светло сина, меѓутоа тие се идентични“.
Но, како функционира? Ова е позната како Вајт-Манкер илузија, со контрастот во боите кои го збунуваат нашиот мозок да ги толкува како различни нијанси.
„Оваа илузија покажува колку перцепцијата на бојата е под влијание од соседството“, објаснува експертот за оптичка илузија, професорот Мајкл Бах.