X
 04.06.2016 Образование

Повеќе од 15.000 матуранти денеска полaгаa државна матура

Денес во сите средни училишта во Република Македонија се полагаше задолжителниот предмет од државната матура, односно македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

 

Македонски јазик и литература полагаа 10730 кандидати, албански јазик и литература полагаа 5424 кандидати и 428 кандидати полагаа турски јазик и литература. Испитниот материјал до сите училишта беше доставен навремено и согласно пропишаните правила и процедури. Испитот во сите училишта започна во определеното време и течеше без никакви проблеми.Во процесот на реализација на матурата во училиштата беа ангажирани околу 1400 наставници - тестатори и 200 набљудувачи.


Воедно ве информираме дека нареден ден на полагање е 9 јуни кога 2335 кандидати ќе полагаат математика на 38 локации, согласно прегледот кој беше доставен до училиштата и објавен на веб локацијата www.matura.gov.mk.

На сите матуранти им посакуваме успех на испитите од матура.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование