X
 19.08.2015 Образование

Матурските традиции низ светот

Прославата за крајот на средното образование секаде вклучува голема забава со музика и танц, но пред тоа, средношколците го означуваат моментот со јавни церемонии. Се чини дека секоја култура има уникатен начин на кој ја слави матурата.


Така, во Јапонија средношколците прославуваат со пеење и марш пред училиштето. Тие се облечени во своите училишни униформи и церемонијата трае приближно еден час.

На Филипините во многу средни училишта матурантите добиваат дипломски венци за време на церемонија која се одржува во март или април.

Матурантите во Шведска носат капи слични на морнарските и се сретнуваат во училиштето, кадешто пејат. Надвор од училиштето се собрани нивните семејства, кои држат знаци за секој ученик, најчесто со засрамувачки слики од детството на матурантот. Потоа матурантите се качуваат во камион и се возат низ градот, славејќи со јавноста.

Во Обединетото Кралство, церемониите за матурантите вклучуваат повикување на секој ученик пред публика во која седат семејствата.

Новите матуранти во Аргентина се истураат со кечап, сокови и друга леплива храна.

Традиционално, матурантките во Русија носат црни фустани со престилки.

Во Кина, матурантите најчесто се облекуваат елегантно и се собираат на прослава во училиштето без своето семејство.

Во Тајланд, членови на кралското семејство им доделуваат дипломи на матурантите и на дипломците.

Норвешките матуранти го поминуваат речиси целиот последен месец славејќи со пријателите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование