X
 07.06.2016 Култура

Т-mobile им дава бесплатни акции на своите корисници

„T-Mobile“ им доделува на сите свои постпејд корисници бесплатна акција од компанијата во нова програма наречена „Stock up“. Дополнително, за секој кој ќе донесе нов корисник следува уште една акција.


Секој корисник може да добие до 100 акции во компанијата. Извршниот директор Џон Легер изјавил:

„Подгответе се за покажување благодарност, Америка! Овој потег е за да ви се покаже едно големо благодарам! Без замки. Само фала ви што сте ни корисник! Во T-Mobile, веќе се будиме секој ден работејќи за нашите корисници, па одлучив да го направам тоа официјално и да ги претводам корисниците на T-Mobile во сопственици на T-Mobile нудејќи им акции.“

Сите корисници ќе може да тргуваат со своите акции преку онлајн-платформа. Во официјалната изјава пишува дека ставањето на акциите и отворањето профил на платформата е бесплатно и не се наплаќа добивањето или продавањето на акциите годинава.

Како ќе функционира сето ова?

Компанијата ќе купи акции и потоа ќе ги подели на своите 29.4 милиони корисници. Корисниците нема да плаќаат ништо за чување или продавање на акциите првата година, но од 2017, продавањето и тргувањето со акциите ќе се наплаќа до 25 долари.

Компанијата ќе доделува и награди, како авионски интернет, храна од „Domino's“ и „Wendy's“ итн. Ова не е ниту првиот необичен потег од провајдерот. Фирмата создаде игра за пиење за својата заработка изминатиот квартал.

Компанијата го претстави планот како различен начин да се награди лојалноста на корисниците. Од официјалната објава читаме дека „T-Mobile“ го менува бизнисот со велење „благодарам“ на корисниците и барање ништо. Со Stock up и T-Mobile Tuesdays, не мора да трошите повеќе, да останувате подолго, да собирате поени или да се квалификувате за да ви биде заблагодарено што сте корисник. Ова е за покажување на лојалноста на T-Mobile на своите корисници - не обратно.“

Корисниците може да ги земат своите акции од 7 јуни до 21 јуни.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура