17-годишна ученичка од Индија се сетила на имагинативен начин за помнење на сите елементи на периодниот систем за нејзиниот час по хемија.
Таа го илустрирала периодниот систем посочувајќи кон 90 глобални проблеми, користејќи го секој акроним за секој елемент за да покаже посебен проблем.
Каанчи Чопра од Делхи ја дизајнирала табелата за само една недела. Тинејџерката користела секакви проблеми - од ксенофобија до лоша исхрана. Таа се фокусирала и на поголеми проблеми и социјални движења како права на ЛГБТ заедницата и интернет неутралност.
- Ја направив оваа табела за да ја зголемам свеста за овие проблеми и итната потреба за поголем труд за нивно решавање. Се надевам дека ќе ги охрабрам луѓето да станат поактивни и да зборуваат за овие движења и права поотворено - изјавува Чопра за „Mashable“.
Ученичката се сетила на идејата додека го
разгледувала учебникот по хемија.
- Се потсетив како користиме цифри за да ги запомниме елементите и сфатив дека секој од симболите на елементите во периодниот систем е акроним на глобален проблем - вели таа.