X
 21.12.2015 Живот

Како една ученичка ја објаснува исламофобијата?

Исра Мухамед, 15 годишна ученичка од Њукасл им држеше говор на своите врсници за исламофобијата во за време на еден училишен собир. Нејзиниот говор е прегледан илјадници луѓе на интернет.

 

исра


Исра и нејзиното семејство станале цел на говор на омраза после нападите во Париз минатиот месец.

„Луѓето ми зборуваа дека сум терорист затоа што сум муслиманка“, вели Исра.

Нејзината 7 годишна сестра, еден ден од училиште си отишла расплакана бидејќи учениците ја обвинувале дека таа е виновна за нападите во Париз и дека поради тоа не сака да се врати на училиште.

„Имам брат кој има 7 години. Него луѓето го малтретираа велејќи му дека неговата религија убива луѓе“, вели Исра.

„Оваа злобна организација има своја цел. Сака муслиманите да ги направи непријатели на Западот, за муслиманите од Франција, Велика Британија, Америка и Австралија да немаат каде да одат освен кај ИСИС“, додава таа.

„Моето име е Исра Мохамед. Јас сум муслиманка и не сум терорист“, вели во говорот Исра.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот