Ученичката Антониет Лав од Њу Орлеанс беше примена на 115 факултети и универзитети. Таа била примена во секој универзитет каде што аплицирала и ѝ биле понудени стипендии во вкупен износ од 3,7 милиони долари.
Родителите ја добиле Антониет додека биле тинејџери, а таа има уште четири браќа и сестри околу кои им помага на родителите. Освен тоа, таа е најдобриот ученик на генерацијата.
- Почнав да аплицирам во септември. Продолжив да аплицирам сè до моментот кога видов дека поштенското сандаче беше преполно со писма за стипендии. Ова е остварување на моите соништа. Сите часови учење и пишување се исплатија на најдобар можен начин. Едвај чекам да започнам со моето универзитетско образование - вели таа и додава дека сака да работи како наставничка.
Фото: Facebook
Нејзините родители Јоланда и Ентони велат дека нејзините постигнувања ги поттикнале и тие да се вратат на училиште. Антониет ќе биде првата студентка во нејзиното семејство. Нејзината мајка успеала да заврши средно образование, а нејзиниот татко се откажал од школувањето за да му се посвети на семејството.
Шон Вилсон, директор на средното училиште каде што оди Антониет, ја опишува како вредна
ученичка која сака да им помогне на сите.