X
 10.06.2016 Образование

Сите дипломи пред Болоња еднакви на мастер студиите

Сенатот на универзитети во Сараево вчера усвои важен заклучок за дипломите добиени пред воведувањето на Болоњската програма.


Имено, усвоен бил заклучок дека студентите кои завршиле стручни академски студии во траење од четири или пет години, во зависност од факултетот, а кои студирале пред Болоњскиот процес, имаат дипломи кои отсега ќе бидат еквивалент на мастер студиите од втор циклус студии според Болоњскиот систем.

Овој заклучок бил донесен на иницијатива на министерот за образование, наука и млади во Сараево, Елвир Казазовиќ. Повеќето членови на Сенатот го поддржиле овој предлог сметајќи дека тоа ќе придонесе за поквалитетен процес на образование.

- Дипломите добиени пред Болоњските студии нема да се менуваат, само ќе дојде до промени на нивниот еквивалент. Одлуката не ја донесе Министерството, туку Сенатот на Универзитети во Сараево. Со ова сакавме да го донесеме наставничкиот кадар во подобра положба, со оглед на тоа што во 2018 никој нема да може да аплицира за работа во училиште или слична установа без завршен втор циклус на студии - изјавил министерот Казазовиќ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование