X
 14.06.2016 Култура

Археолозите откриле огромен град за кој досега никој не знаел

Како што пишува „Berliner Zeitung“, археолозите пронашле остатоци од огромни средновековни станбени структури во околината на комплексот од храмови Агнгкор Ват во Камбоџа. Со оглед на тоа што претходно се мислело дека Ангкор Ват не било место на живот, се чини дека треба да се промени цел дел од историјата на Камбоџа.


„Под шумите пронајдовме цели градови за кои досега никој ништо не знаел“, изјавил Дамјан Еванс, автор на статијата за откритието во Камбоџа објавена денес во „Journal of archeological science“.

Неговиот тим стигнал до откритието со помош на ласерски скенирања на теренот. Освен тоа, тимот открил и канализациски состав, по кој е позната културата која го изградила Ангкор Ват.

„Наидовме на брилијантно проектиран канализациски состав кој би можел да биде неколку векови постар од моментот за кој мислевме дека канализацијата е измислена“, пишува Еванс.

Досега светот знаеше само за помал дел од населбата Мехендрапаврата која се наоѓа североисточно од Ангкор Ват. Но, новите истражувања покажуваат дека градот бил многу поголем од денешниот главен град на Камбоџа.



Инаку, научниците досега верувале дека околината на познатиот комплекс од храмови била ретко населена. По ова истражување заклучиле дека не постои никаков доказ за теоријата за пропастот на Ангкор Ват.

Имено, се сметало дека цивилизацијата од Ангкор Ват пропаднала поради инвазија од подрачјето на денешен Тајланд, поради која илјадници луѓе емигрирале. Но, поверојатно е дека таа цивилизација пропаднала поради суша.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура